More

    ПУТИН СЕ ЗАЛАГА ЗА НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

    spot_img

    Претседателот на Русија, Владимир Путин на регионалниот форум во Туркменистан изјави дека е неопходен нов светски поредок, во кој поправедно ќе биде распределено богатството и ќе се земе предвид мислењето на секоја земја.

    -Убедени сме дека универзалниот мир и сеопфатниот развој можат да се обезбедат само со земање предвид на мислењето на секоја нација, притоа почитувајќи го мислењето на секоја држава за нејзиниот суверен курс, за нејзиниот светоглед, за нејзините традиции и религиозни идеи – рече Путин.

    Тој  дека Русија се залага за најширока можна меѓународна дискусија за параметрите на интеракција во мултиполарниот свет што се појавува и е отворена за дискусии за прашањата за изградба на нов светски поредок со сите свои пријатели, партнери и истомисленици, вклучително и во рамките на Заедницата на независни држави (ЗНД), Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), Шангајската организација за соработка (SCO) и БРИКС.

    Во главниот град на Туркменистан, Ашкабад се одржува регионален форум на лидерите од Централна Азија. На Форумот присуствуваат и претседателот на Иран и на Пакистан, како и шефовите на другите централноазиски земји – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

    Предвидено е Путин да се сретне и со туркменистанскиот колега Сердар Бердимухамедов.

    Кремљ соопшти дека на маргините на форумот Путин ќе разговара за ситуацијата на Блиски Исток со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img