Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско интервју и се закани на новата членка на НАТО,Финска дека ќе има неодредени „проблеми“.
– Порано немаше проблеми, но сега ќе има – рече Путин во интервјуто.
Русија го зајакнува Ленинградскиот воен дистрикт околу Санкт Петербург и таму ќе стационира одредени воени единици. Коментирајќи за влезот на Финска во НАТО, Путин кратко рече:
-Што им требаше тоа?