Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се проширува постоечката забрана за промовирање „ЛГБТ пропаганда“ на децата со тоа што ја забранува меѓу луѓето од сите возрасти.
Законот забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи или укажува на предноста на таквите односи, меѓу другото, пропаганда на педофилија меѓу Русите, како кај возрасните, така и кај малолетните граѓани.
Според новиот закон, секој настан или чин што се смета за обид за промовирање на хомосексуалноста – вклучително и на интернет, во филмови, книги, рекламирање или во јавност може да донесе висока казна.
Дополнително, се прошируваат барањата за огласи кои не смеат да содржат информации што покажуваат нетрадиционални сексуални односи или укажуваат на предноста на таквите односи.
Предвидени се до 400.000 рубли (6.600 долари) за физички лица и до 5 милиони рубли (82.100 долари) за правни лица.