За време на панелот во клубот Валдаи што се одржа во четвртокот, кога Путин го одржа својот говор, многу луѓе пропуштија еден детаљ. На едно видео, кое подоцна го сподели дописник на Би-Би-Си, Путин запрашан дали вистински мислел дека „сите ќе завршиме во рајот“ како што изјавил пред четири години во истиот клуб, вели дека намерно се пошегувал околу нуклеарната бомба.
– Не брзаме, нели? – го прашува модераторот Путин.
Путин се подзамислува.
– Го направив тоа намерно за да ве исплашам – вели тој, смеејќи се.