Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината призна дека не може да каже кога руската армија ќе ја врати целосната контрола врз западниот регион Курск.
– Апсолутно ќе ги потиснеме. Апсолутно. Не може да биде поинаку – посочи Путин.
Но, тој на прашањето за конкретен датум, истакна дека не може да каже кога ќе ја врати контролата врз Курск.
– Извинете, не можам да кажам во моментов – рече тој.