More

    Путин не поддржува ниеден кандидат на САД, појаснува Лавров

    spot_img

    Шегата на Путин во која тој пред медиумите посочи дека Москва ја дава поддршката на кандидатката на демократите, Камала Харис, на изборите во САД, покажа дека Американците тоа не го разбрале баш така.

    Имено, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, деновиве се обидува да ја разјасни оваа изјава на рускиот претседател Путин во јавноста каде што тој неколкупати истакнува дека Москва не поддржува никој од кандидатите за иден претседател на САД бидејќи тоа е мешање во внатрешните работи на Америка.

    – Русија не поддржува ниту еден кандидат бидејќи САД се контролирани од „длабоката држава“ – изјави Лавров, а пренесува порталот Хил.

    Руски функционер објасни дека претседателот Путин се шегувал кога рекол дека сака потпретседателката Камала Харис да победи на американските избори во ноември.

    – Владимир Путин ја поддржа Камала Харис во претседателската трка и ја пофали нејзината „заразна“ смеа. За оние на кои не им била јасна оваа изјава, претпоставувам дека тие имаат проблем со коефициентот за интелигенција – посочи рускиот долгогодишен дипломат.

    Инаку, претходно во септември Путин ја изрази оваа желба и напомена дека доколку победи Харис, ситуацијата со санкциите против Русија може да се промени.

    Сега рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги појасни зборовите на Путин.

    „Тоа беше шега“, рече Лавров во интервју за Скај њуз Арабиjа, објавено во петокот на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

    – Претседателот Путин има добра смисла за хумор. Не гледам долгорочна промена во нашиот став кон сегашните или кон претходните избори во САД бидејќи озлогласената длабока држава функционира таму – продолжи тој.

    Во меѓувреме, како одговор на претходните коментари, Белата куќа отфрли каква било поддршка за рускиот лидер и побара од него да престане да влијае на изборите.

    Путин претходно, исто така со ироничен тон, рече дека го претпочита претседателот Бајден кого го нарече попредвидлив отколку поранешниот претседател Доналд Трамп.

    Путин и конфликтот во Украина беа едно од клучните прашања во септемвриската дебата меѓу Харис и Трамп. Сето тоа дојде до точка до која портпаролот на рускиот лидер побара од конкурентските кандидати „да го остават рускиот претседател на мир“.

    Трамп рече дека ако победи на изборите, ќе стави крај на конфликтот пред неговата инаугурација.

    Тоа, пак, ја поттикна Харис да го обвини Трамп дека сака „сесрдно да му се предаде на Путин“ и рече дека рускиот претседател „ќе го изеде за ручек“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img