Путин нареди, следна мета е Источна Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск.

Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај според веќе одобрените планови“, рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск – додаде Путин.

Тие изјави тој ги даде еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск.

Регионот Луганск и соседниот Доњецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост.

Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск.

Share This Article