Путин најави распоредување на нуклеарни ракети „Сармат“ оваа година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE - In this handout photo released by Russian Defense Ministry Press Service on April 20, 2022, a Sarmat intercontinental ballistic missile is launched from Plesetsk in northwestern Russia. Russia said it conducted a first test launch of the missile, a new and long-awaited addition to its nuclear arsenal. (Russian Defense Ministry Press Service via AP, File)

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека оваа година руската армија ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои ќе можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.

Во пресрет на првата годишнина од рускиот напад на Украина, Путин изјави дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, објави Кремљ.

„Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, рече Путин, мислејќи на нуклеарните ракети на копно, во морето и во воздухот, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека Русија ќе продолжи со масовното производство на воздушни хиперсонични ракети „Кинжал“ и ќе започне со испорака на хиперсонични ракети „Циркон“.

Русија оваа недела се повлече од договорот за контрола на нуклеарното вооружување со САД, познат како Нов СТАРТ.

Во пресрет на првата годишнина од војната, во Украина на истокот на земјата се водат жестоки борби. Западните власти веруваат дека Русија планира офанзива за освојување нова територија.

Share This Article