Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на српскиот лидер Александар Вучиќ за неговиот реизбор и изрази надеж дека ќе се надгради нивното „стратешко партнерство“, соопшти Кремљ.
„Очекувам дека вашата работа како шеф на државата ќе продолжи да придонесува за зајакнување на стратешкото партнерство што постои меѓу нашите земји“, наведе Путин во телеграмата до Вучиќ, се вели во соопштението на Кремљ. Тоа секако е во интерес на братските народи на Русија и Србија, се вели во телеграмата.
Путин истакна дека резултатите од гласањето ја потврдуваат широката поддршка од граѓаните на Србија за курсот на Александар Вучиќ „со цел да се решат итните социјални и економски проблеми и да се води независна надворешна политика“.