Путин ќе го поддржи суверенитетот на Србија преку Резолуција во ОН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Москва се залага за зачувување на суверенитетот на Србија, и Русија ќе продолжи да ја продлабочува соработката со Србија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на предавање на агреманите на амбасадорите на странските земји во Москва, јави дописникот на МИА од Белград.

– Русија и Србија се поврзани со стратешко партнерство. Потпирајќи се на традицијата на пријателство, културна, духовна и историска блискост на нашите братски народи. Редовно разговарам со претседателот (Александар) Вучиќ за време на лични средби и телефонски разговори за клучните прашања за понатамошен развој на соработката – изјави Путин.

Тој се повика на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ветувајќи дека „ќе им пружи помош на српските пријатели во одбраната на независноста, како и на територијалниот интегритет и државните интереси на земјата”. Тој најави и „продлабочување на соработката” со Србија.

– Во рамките на меѓународното право, потпирајќи се пред сè на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, ќе продолжиме да даваме сеопфатна поддршка на нашите српски пријатели во зачувувањето на легитимните права и интереси на Србија, заштитата на нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет – посочи Путин.

Рускиот претседател ги осуди „напорите на САД да ја зачуваат својата глобална доминација”, велејќи дека тие се осудени на пропаст.

Тој рече дека „објективниот развој кон мултиполарен свет се соочува со отпор од оние кои се обидуваат да ја зачуваат својата хегемонија во глобалните работи и да контролираат сè – Латинска Америка, Европа, Азија и Африка”.

Путин додаде дека „хегемонот успева во тоа долго време, но тоа не може да трае вечно … без оглед на настаните во Украина”.

Share This Article