Рускиот претседател Владимир Путин денеска во 10 часот ќе одржи говор за состојбата на нацијата. Како што веќе најави Путин, во текот на својот говор најмногу внимание ќе посвети на главните цели во следните шест години.
Традиционално, на настанот се поканети околу 1.000 луѓе. Меѓу нив има членови на двата дома на рускиот парламент, претставници на владата и претседателската администрација, шефови на Уставниот и Врховниот суд, членови на Државниот совет и Јавната комора, гувернери, претставници на верски организации, дипломати и новинари, вклучително и странските.
Покрај тоа, беа поканети и учесниците на „специјалната воена операција“.
Според руските медиуми, Путин ќе зборува за војната во Украина, дополнителни мерки за стабилизирање на економијата и нови социјални политики за поддршка на семејствата.
Неговото минатогодишно обраќање главно беше фокусирано на Украина – оваа година се очекува „домашен“ тон поради претстојните претседателски избори