More

    Путин испратил свој министер во САД за да преговара, пишува Дејли Мејл

    spot_img

    Рускиот лидер Владимир Путин го пуштил во САД својот лојален министер Владимир Колоколцев(63) за да предложи мировен план за војната во Украина во кој, меѓу другото, Москва и Киев заеднички ќе управуваат со полуостровот Крим во специјална „демилитаризирана зона“, објави украинскиот ТВ новинар Дмитри Гордон, пишува ДејлиМејл.

    Веста се најде и на рускиот канал Госдумскаја на Телеграм. Се вели дека на министерот Колоколцев му било дозволено да влезе во САД и покрај руските санкции кон него, а дека наводно присуствувал на состанокот на полициските команданти во Обединетите Нации.

    На 27 јуни КиевПост пренесе дека Колоколцев тајно присуствувал на состанокот.

    Другиот дел од договорот предлага Украина да се откаже од влезот во НАТО и на Русија да ѝ отстапи голем дел од моментално окупираната територија на фронтот.

    Поконкретнo, според наводниот план, Путин бара Украина целосно да се повлече од окупираните региони Доњецк и Луганск, а за возврат Русија би ѝ ги предала на Украина нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар.

     

    Ќе се разговара и за можното враќање на регионите Херсон и Запорожје под украинска контрола. Полуостровот Крим ќе стане „специјална демилитаризирана административна област со двојна власт на Украина и Руската Федерација“, а Украина ќе мора да се обврзе да не го блокира снабдувањето со вода на Крим.

    Извештаите на Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја се разликуваат во нивните тврдења за големината на армијата што Украина треба да ја задржи: Гордон вели дека има 350.000 војници, а Госдумскаја шпекулира 150.000. Гордон предупредува дека „Доњецката и Луганската област не можат да бидат префрлени под контрола на Украина, бидејќи тоа би „предизвикало геноцид врз тамошното население“, имајќи предвид дека „третина учествувала во непријателствата против Украина“.

    САД, Русија и Украина не ги коментираа овие наводи, ниту пак посетата на Колоколцев на САД.

    Но, интересно е што авионот со кој патувал Колоколцев е виден покрај авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по слетувањето во Вашингтон. Снимката ја пренесоа повеќе медиуми на 27 јуни.

     

    Трамп претходно изјави дека може да ја прекине војната за 24 часа доколку биде избран за претседател на САД во ноември.

    Бриселски Политико пред неколку дена напиша дека Трамп тајно преговара со Путин за крај на војната, а според извор за медиумот, Трамп нуди НАТО да не се шири во Украина и Грузија, а за возврат да биде разгледано колку украинска територија ќе задржи Кремљ.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја коментираше гласината дека Трамп и Путин преговарале и во интервју за Блумберг го повика Трамп да го објави своето мировно решение за војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img