Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина доколку Киев стане нуклеарна сила.
– Нема да дозволиме Киев да се здобие со нуклеарно оружје – рече Путин, пренесен од рсуките медиуми.
Тој посочи дека Украина не може да прави нуклеарно оружје, туку само валкани бомби, но додаде дека и Русија на тоа ќе реагира на „соодветен начин“.
– Оние кои го споменуваат враќањето на нуклеарното оружје во Украина не чувствуваат одговорност за судбините на луѓето и светот – рече Путин.
Запрашан кога може да се случат можни напади од страна на Русија врз центрите за одлучување во Украина, тој рече: „Можеби и денеска, во текот на денот, сѐ е можно“.
Претходно денеска Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје. Путин нагласи дека „Орешник“ не е оружје за масовно уништување, туку прецизно оружје без нуклеарно полнење и потврди дека започнало сериското производство на овие ракети, но дека ќе се изберат конкретни цели за напади врз Украина, во зависност од природата на целите и заканите за Русија.