Од европските лидери, само српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан добија честитка за Божик и за Нова Година од рускиот претседател Владимир Путин, објави Бета.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека во честитката до Вучиќ, Путин истакнал дека односите меѓу двете земји, засновани на вековните традиции на пријателство, се развиваат на конструктивен начин.
Рускиот претседател, исто така, изразил подготвеност да продолжи дијалогот и продуктивната заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.
Путин традиционално им ја честита Новата година на шефовите на странски држави и влади, а денеска Кремљ го објави списокот на земји кои ја добиле телеграмата.
Но, веќе две години на таа листа ги нема лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и други земји кои ги смета за непријателски.