Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отвори „стратешките“ воени вежби со балистички ракети, во време кога ескалираат тензиите во руско-западната криза околу Украина.
Кремљ соопшти дека стратешките воени вежби вклучуваат „балистички и крстаречки ракети“.
– Предвидените цели за време на вежбите на силите за стратешко одвраќање се целосно исполнети, сите ракети ги погодија одредените цели – се вели во соопштението на руското претседателство.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вежбите вклучуваат лансирање на хиперсонични балистички ракети „Кинџаи“ и хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“, ново руско оружје кое Путин претходно го нарече „непобедливо“.
– Главната цел на актуелните воени вежби е да се обучат стратешките офанзивни сили да му нанесат загарантиран пораз на непријателот – изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов.