И двајцата се диктатори, злобни, брутални и неодговорни на различни начини. И двајцата ја направија својата животна мисија да го соборат глобалниот поредок изграден по 1945 година, пркосејќи им на САД. И двајцата се санкционирани, исфрлени и донекаде заплашени од западните земји, вели во анализа за британски „Гардијан“ аналитичарот Сајмон Тисдал.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, крупниот, и рускиот Владимир Путин, слабиот, имаат заедничка цел: да го зацврстат своето место во антизападниот, антидемократски сојуз кој наводно го претставува „новиот светски поредок“ што се протега од Кина до Иран, смета Тисдал. Тој забележува и дека Путин пред војната во Украина не му обрнувал многу внимание на Ким за сега тоа да се промени.
„Тоа беше подарок за Ким. Неговата идеја за меѓународна дипломатија е да се заканува со цел да се стекне со моќта што инаку му недостига. Неговите напори во голема мера се вртат околу пробното истрелување на балистички ракети со долг дострел, способни да го погодат западниот брег на САД (како и Јужна Кореја и Јапонија), како и развојот и минијатуризацијата на нуклеарните бомби и боеви глави на Северна Кореја“, се вели во написот.
Аналитичарот се навраќа на 2019 година кога пропаднаа преговорите меѓу Ким и порашениот американски претседател Доналд Трамп за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и за укинување на санкциите кон Северна Кореја. Се вели дек оттогаш Ким го сменил курсот кон Москва.
„Во јули 2022 година, Северна Кореја ги призна окупираните од Русија марионетските републики Доњецк и Луганск. И, според владите на САД и Јужна Кореја, Ким и дал на Русија десетици балистички ракети – остатоци од некои, наводно, биле пронајдени во регионот Харков во Украина – и над 11.000 контејнери со муниција, со милиони артилериски гранати“, вели Тисдал и додава:
„За возврат, или така веруваат западните земји, Путин му помага на Ким да ја унапреди својата нуклеарна, ракетна и вселенска технологија. Оваа растечка врска е за многу повеќе од оружје. Путин ова го изјави во написот објавен од севернокорејските државни медиуми. „Ќе развиеме алтернативни трговски механизми кои не се контролирани од Западот и заедно ќе се спротивставиме на нелегитимните еднострани ограничувања (санкции)“, напиша тој (Јонг Ун)“.
Ааналитичарот за „Гардијан“ потсетува дека во изјавата Јонг Ун рекол и дека „жистовремено, ќе изградиме архитектура на еднаква и неделива безбедност во Евроазија (и покрај) американскиот притисок, уцена и воени закани“.
„Иако никогаш не би го признал тоа, Путин е изолиран дипломатски, а во помала мера и економски, во штетна мера. Во изминатите години, на идејата дека на Русија (а пред тоа и на Советскиот Сојуз) ѝ е потребна поддршката од сиромашната Северна Кореја, би се смееле. Но сега не. Тоа, исто така, кажува нешто за слабоста на фалената руска индустрија за оружје и воена економија што толку многу се потпира на увезените гранати“, заклучува аналитичарот.