Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот телефонски разговарал за ситуацијата во Украина со неговиот француски колега Емануел Макрон, а истовремено го повикал Западот да изврши притисок врз Киев да престане со ужасите што се случуваат во таа земја, пренесоа руските агенции.Путин му рекол на Макрон дека Западот може да помогне да се запрат „воените злосторства и масовното гранатирање на градовите и населбите во Донбас“, во кои се убиени цивили.
Русија негира дека нејзините сили во Украина вршат воени злосторства и ги обвинува украинските националисти и неонацисти за смртта на цивилите, што Киев и Западот го отфрлаат.
„Западот може да помогне да се стави крај на овие ужаси со соодветно влијание врз властите во Киев и да престане да испраќа оружје во Украина“, рече тој, пренесе РИА.
Путин му рекол и на својот француски колега дека Москва се уште е подготвена за дијалог со Украина.