More

    Путин го покани венецуелскиот претседател на самитот на БРИКС

    spot_img

    Резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, не можат да бидат признати, соопшти Советот на ЕУ.

    „И покрај тоа што се обврза да го стори тоа, Националниот изборен совет на Венецуела (CNE) сѐ уште не ги објави официјалните протоколи од избирачките места. Поради недостаток на докази за нивно поткрепување, резултатите објавени на 2 август од CNE не можат да бидат признати“, се вели во соопштението.

    Соединетите Американски Држави, пак, го признаа противкандидатот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес за победник на претседателските избори, а во исто време го отфрлија и прогласувањето на победата на Мадуро.

    – Со оглед на огромните докази, на Соединетите Држави и уште поважно на народот на Венецуела им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите одржани на 28 јули – рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објави Ројтерс.

    Очигледно само рускиот претседател Владимир Путин нема ништо против Мадуор. Имено, тој му испрати покана на венецуелскиот лидер за следниот самит на БРИКС кој ќе се одржи во октормви во рускиот град Казан.

    „Претседателот Владимир Путин го поканува претседателот Мадуро да присуствува на самитот на лидерите на земјите од БРИКС плус“, напиша венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил.

    Во меѓувреме, Мадуро изјави дека околу 2.000 лица биле уапсени за учество во протестите на опозицијата, која тврди дека изборите биле украдени.

    Мадуро во саботата во обраќањето пред приврзаниците во Каркас рече дека уапсените ќе бидат осудени на максимална казна, објави Гардијан.

    Според различни извештаи, меѓу 10 и 20 лица загинале во судирите со полицијата на протестите по изборите.

    Во исто време, лидерот на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, се обрати на масовниот собир пред десетици илјади луѓе во главниот град, во саботата, пркосејќи на владините повици за нејзино апсење и изјавувајќи дека режимот на власт го изгубил легитимитетот.

    Таа оцени дека опозицијата никогаш не била посилна, дека режимот никогаш не бил послаб и дека опозицијата нема да се откаже од докажувањето дека изборите се украдени, пренесе Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img