Путин го одби Макрон за хуманитарен коридор до Мариупол

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин.

Макрон ја истакна мисијата што ја бара заедно со Турција и Грција од Путин, кој наведе дека „ќе размисли за тоа“ пред да одговори, рече претставник на Елисејската палата.

Кремљ соопшти дека украинските „националисти“ во Мариупол мора да го остават оружјето.

– Беше истакнато дека за да се реши тешката хуманитарна ситуација во овој град, украинските националистички милитанти мора да престанат да пружаат отпор и да го положат оружјето – се вели во соопштението на Кремљ.

Кремљ додаде дека двајцата лидери разговарале за резултатите од разговорите и за хуманитарната ситуација во Украина.

Двајцата лидери, исто така, разговарале за барањето на Русија испораката на гас до Европската унија да се плаќа во рубљи.

Share This Article