Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.
– Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно – рече Песков.
Тој не ја објасни причината за откажувањето на плановите.