Путин ги обвини западните елити за ситуацијата во светот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Западните сили со сите можни средства настојуваат да ја одржат доминацијата на светската сцена со што ја зголемуваат опасноста од избивање на судири, истакна денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Потенцијалот за избивање судири во светот расте како директна последица на настојувањето на западните елити со сите можни средства да ја одржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација – рече Путин.

Рускиот претседател говореше во видеопорака упатена до министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка и група поранешни советски земји.

– Тие (елитите) свесно предизвикуваат хаос и ја отежнуваат меѓународната ситуација – рече Путин во пораката која ја објави Кремљ.

Тој исто така го обвини Западот дека „ја експлоатира” Украина и го користи украинскиот народ како топовско месо во судирите со Русија.

Путин постојано ја карактеризира војната во Украина, која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција”, како судир меѓу Русија и Западот и ги критикува земјите кои воено и финансиски ја помагаат Украина.

Киев, европските земји и Вашингтон посочуваат дека Москва со циничната агресија на проевропската соседна земја се обидува да освои големи делови од Украина и да го симне од власт нејзиниот претседател Володимир Зеленски.

Share This Article