Путин ги игнорираше западните лидери

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin speaks during a meeting with senior editors from international news agencies at Lakhta Centre business tower in Saint Petersburg, Russia June 5, 2024. Sputnik/Valentina Pevtsova/Pool via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин годинава испрати новогодишни честитки до неколкумина западни лидери, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува ДПА.

Меѓу личностите кои добиле честитки се и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Иако Фицо официјално не бил на листата, Путин сепак испратил честитка и до него, додаде Песков.

Според Русија, Унгарија и Словачка се воздржуваат од „русофобни“ политики и се силно зависни од рускиот гас. Орбан и Фицо ја посетија Москва по почетокот на руската инвазија на Украина, за разлика од другите западни лидери кои ја изолираа Русија.

Иако Орбан и Фицо ги критикуваат санкциите на ЕУ кон Москва и испораките на оружје за Киев, тие во голема мера ги поддржуваат актуелните политики на Унијата.

Share This Article