Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека воено-политичката ситуација во светот останува тешка и нестабилна и дека „Западот ја турка Русија кон црвената линија“ и оти Москва не може да не одговори на тоа.
Путин рече дека крвопролевањето продолжува на Блискиот Исток и дека САД продолжуваат да ја поттикнуваат ескалацијата на конфликтот во Украина со испраќање оружје, пари и со платеници.
Путин истакна дека „сегашната американска администрација и колективниот Запад не се откажуваат од обидите да ја задржат доминацијата во светот, како и дека земјите-членки на НАТО ги зголемуваат буџетите за одбрана“, пренесоа руски медиуми.