Никој не очекувал, па ни самиот руски претседател Владимир Путин, дека среде окупираниот украински град Мариупол ќе се најде некој локален жител кој ќе собере храброст и ќе извика зборови кои ќе го заобиколат светот.
– Сето ова е лага, ова е само едно обично шоу – извикува некој човек со сиот свој глас додека камерите го снимаат Путин како разговара со локалните жители при неговата посета на украинскиот град.
Придружбата на рускиот претседател брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.
Путин го посети Мариупол само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.
Во продолжение, погледнете го видеото: