Британското Министерство за одбрана ги објави најновите разузнавачки информации за руската инвазија на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин бара замена за платениците на Вагнер во Украина кои одиграа значајна улога во борбите.
Оваа информација доаѓа во време кога на големо се зборува за кавги и спорови меѓу руското Министерство за одбрана и групата Вангер. „Руското воено раководство веројатно сака замена за приватна армија над која имаат поголема контрола.
Сепак, ниту една друга приватна армија во Русија не е блиску до групата Вагнер во однос на големината или борбената моќ.
Британските разузнавачки претставници велат дека Русија најверојатно сè уште смета дека е корисно да користи приватни воени компании бидејќи тие се помалку ограничени од пониските приходи и неефикасноста што негативно влијае на ефикасноста на редовната армија.
Покрај тоа, руското раководство веројатно верува дека големите загуби во редовите на приватните воени компании се поприфатливи за руското општество отколку загубите во редовите на редовната армија, се наведува во британскиот извештај.