Град Скопје соопшти дека е завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.
Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.
„Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа. Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите“, соопштуваат од Град Скопје.