Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје утре и задутре (29 и 30.11.2023) ќе работат со полно работно време, закажаните термини да се почитуваат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои утре и задутре (29 и 30.11.2023) имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани. Имено, согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време. Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

Share This Article