More

    Пулмолог упатува на евентуалните знаци за рак на белите дробови

    spot_img

    Според Светската здравствена организација, пушењето е причина за рак на белите дробови во 85 проценти од случаите, но тоа сепак значи дека во 15 проценти од случаите ракот ќе биде предизвикан од други фактори.

    „Важно е да ги препознаете знаците на рак на белите дробови бидејќи раното откривање ви дава подобри шанси за преживување“, вели за Parade д-р Раџ Дасгупта, главен медицински советник за Fortune Recommends Health.

    Но, понекогаш е невозможно да се забележат знаците на рак на белите дробови.

    „За жал, пациентите со новодијагностициран рак на белите дробови често немаат симптоми“, вели Џими Јоханис, доктор на науки, интернист, пулмолог и специјалист за интензивна нега во MemorialCare Long Beach Medical Center.

    Сепак, тоа не е секогаш случај, а еден знак на рак на белите дробови може да биде видлив на вашето лице. Пулмолозите објаснија што е тоа, зошто се случува и што да направите ако го забележите.

    Една промена на лицето може да биде знак за рак на белите дробови

    Спуштен очен капак (често во комбинација со непотење од таа страна од лицето) може да биде знак за рак на белите дробови.

    „Овие симптоми може да рефлектираат лезија или маса во горниот дел или врвот на белите дробови“, вели д-р Јоханес.

    „Горниот дел од белите дробови ја има истата функција како и остатокот од белите дробови. Тој исто така е вклучен во размената на гасови, внесувајќи кислород во крвта и отстранувајќи го јаглерод диоксидот од крвта, исто како и остатокот од белите дробови.

    Клинички гледано, спуштениот очен капак и секој поврзан недостаток на потење може да укажуваат на Хорнеров синдром.

    Д-р Јоханес објаснува дека некои од нервите што ги снабдуваат нервите на лицето и очите потекнуваат од ‘рбетниот мозок, во близина на долниот дел на вратот и горниот дел од градниот кош.

    „Туморот во горниот дел на белите дробови може да ги зафати овие нерви, што резултира со невролошки симптоми“, вели тој.

    Д-р. Гупта додава дека луѓето со Хорнеров синдром може да имаат и болки во рамото и вратот.

    Дали спуштениот очен капак е секогаш знак за рак на белите дробови?

    Не, но тој бара итна медицинска помош. „Други лезии кои можат да влијаат на истиот сет на нерви, од мозокот до вратот, може да предизвикаат ист сет на симптоми, како што се мозочен удар, траума на основата на черепот или ‘рбетот во пределот на вратот, аневризми или дисекции на торакалната аорта или каротидната артерија, меѓу другото“, вели д-р Јоханес.

    Во овие случаи, брзата медицинска помош може да го промени животот и да го спаси животот.

    „Времето е од суштинско значење во мозочниот удар, затоа не го одложувајте барањето лекарска помош“, нагласува д-р Дасгупта. Тој додава дека ваквиот изглед на опуштено лице поради спуштање на очниот капак може да биде и знак за Белова парализа, која не е фатална.

    „Беловата парализа влијае на мускулите на лицето и може да предизвика „паѓање“ на едната страна од лицето“, објаснува тој.

    Други знаци на рак на белите дробови кои не треба да ги игнорирате

    Ваквиот изглед на лицето не е единствениот знак што може да укаже на рак на белите дробови.

    „Ракот на белите дробови може да се манифестира со кашлање, искашлување крв, губење на тежината, болка во градите и отежнато дишење“, вели д-р Јоханес.

    „Често ракот на белите дробови не предизвикува никакви симптоми додека не е напреднат.

    Стапката на петгодишно преживување е многу подобра кога ракот на белите дробови се дијагностицира во рана фаза (63 проценти) отколку во подоцнежна фаза (осум проценти), според Американското здружение за бели дробови. Само околу 27 проценти од случаите на рак на белите дробови се дијагностицираат во овие рани фази.

    Сепак, податоците од Американското здружение за бели дробови покажуваат дека раното откривање е во пораст, за девет отсто во последните пет години.

    „Ако постои загриженост за рак на белите дробови, ви препорачувам да побарате лекарска помош за да го процените ризикот од рак на белите дробови“, вели д-р Јоханес.

    „Знаците и симптомите кои може да сугерираат рак на белите дробови често се објаснуваат со други состојби или фактори, а ракот на белите дробови може да биде помалку веројатна причина за симптомите.

    Меѓутоа, ако сомневањето е доволно високо, може да неопходно да се направи рендген и КТ на градниот кош“.

    Според д-р Гупта, ракот на белите дробови генерално се третира со операција, зрачење, хемотерапија или комбинација од нив.

    Како да се намали ризикот од рак на белите дробови?

    „Избегнувајте пушење и пасивно пушење и престанете да пушите ако веќе го правите тоа“, вели д-р Дасгупта.

    Сепак, непушачите и пасивните пушачи исто така може да развијат рак на белите дробови. „Обидете се да ја намалите изложеноста на радон гас, азбест или други канцерогени, јадете здрава храна, редовно вежбајте и одржувајте здрава тежина“, препорачува д-р Дасгупта.

    Фото: Pexels

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img