Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукнала гумата на авионот на летот на компанијата „Рајанер“, соопшти управата на аеродромот.
Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса.
Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците.
							
								
			



                               
                             















		
		
		
		
		
		






