More

    „Пукав затоа што сум психопат“.

    spot_img

    „Пукав затоа што сум психопат“.

    Вака при апсењето рекол седмооделенецот кој уби најмалку осум соученици и повреди 20-тина лица, меѓу кои и наставничката по историја во училиште во Врачар во Србија. Според Информер Коста К. не покажувал никакви емоции и отпор, а полицајците му рекле да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Соучениците од училиштето „Владислав Рибникар“ за 14-годишниот Коста, син на познат радиолог, кој бил петкаш изјавиле:

    – Доби единица по историја и потоа полуде. Пукаше во канцеларијата на наставничката, а потоа и на другарите. Ги има сите петки, а сите го нарекуваме бубалица.

    Српското МВР соопшти дека загинати се девет лица, од кои осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител, јави дописникот на МИА од Белград.

    Коста добивал бројни награди и пофалби, одел на натпревари по математика и по биологија, бил мирен и повелечен, вели за него еден негов школски другар.

    Уште не е познато зошто Коста пукаше со два пиштоли. Тој имал пет полни рамки и ранец полн со молотови коктели. Според пишувањата на медиумите, момчето испукало дури 20 куршуми.

    Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.

     

    – Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор – изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја.

    Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога Коста отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Сето тоа траело 5 минути. Како што пишува Нова.рс, осомничениот ученик по пукотањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила во школскиот двор.

     

     

    Коста го застрелал поранешниот учител со пиштолот на татко му, го убил чуварот, а точниот број на ранети сè уште не се знае.

    – Се плашевме, настана хаос, паника. Се криевме. Го застрелал чуварот во глава – велат шокираните деца, пишува Блиц.

    Српската телевизија Прва зеде изјава од сученичката на Коста, Евгенија која е потресена од настанот.

    – Беше тивок, изгледаше убаво, имаше добри оценки. Не беше отворен со сите, но не би очекувала да се случи вакво нешто – вели Евгенија која исто така била на часот по историја.

    Како што вели таа, за време на самото пукање се качила на катот во училиштето.

    – Слушнав звуци, мислев дека децата фрлаат петарди. Но, потоа видов дека обезбедувањето падна на подот, а потоа се вратив, не ми дозволија да се качам горе. Наставничката по физичко сакаше да се качи горе, но ѝ реков да не го прави тоа, бидејќи работникот падна на подот, дека е пукано во него, па отидовме на безбедно – раскажува вознемирено Евгенија.

    – Едно момче е застрелано во ногата, едно девојче е рането и мислам дека уште две момчиња. Беше страшно. Бев долу, имавме физичко образование, слушнав пукање, во континуитет… Не знаев што се случува, се допишувавме преку СМС пораки, некои деца не одговараа и се исплашивме… – додава таа.

    фото: твитер/принтскрин
    Тогаш, вели Евгенија, сите се евакуирале.

    – Сите се напикавме во една мала соба во училиштето, па нè префрлија во гимназијата, таму беше безбедно, а потоа излеговме. Отпрвин не ѝ кажав на мајка ми, за да не ја стресам, но потоа ѝ кажав дека сум безбедна.

    Во Врачар затворени се улиците Краља Милутин и Светозар Марковиќ. Обвинителството и силни полициски мерки се на терен.

    Од Српската влада највија дека во 13.15 минути ќе се одржи вонредна конференција за медиумите за немилите настани во ОУ Владислав Рибникар.

    Училишниот психолог Билјана Лајовиќ за српска ТВ Прва изјави дека „ова е нешто од што се плашевме“.

    EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
    – Не би зборувала за количината на гнев… Имаше огромна количина на проблеми зад него… За да покаже дека има ужасен проблем и да носи некакво однесување што може да резултира со чин како овој… Тоа е проблем, за кој во вакви ситуации веројатно тешко е да се дојде до него. Се прашувам дали некој забележал што се случува со него (Коста). Може да се разни проблеми, 14 години е време на растење кое носи осцилации и турбуленции… Ова е ранлива возраст… Прашање е колкав е капацитетот на семејството да се справи со тоа – вели таа.

    – Многу е важно полицијата да излезе со точни информации, некако да спречи ширење на паника и страв – додаде таа велејќи дека на децацта им се пласираат разни негативни содржини преку социјалните мрежи и телевизија кои можат да бидат „прекинувачот“ со кој се „активираат“ ваквите инциденти.

    За можноста причината да била единицата по историја која Коста ја добил психологот вели:

    – Зад тоа се кријат огромен број проблеми, можеби таа оценка беше чкрапалото, но секако не е единствениот проблем што го мачеше ова момче. Мораме да спречиме ова да се повтори – заклучи Билјана Лајовиќ за ТВ Прва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img