Околку 8.30 часот утрово во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, Љупчо, кој е исчезнат веќе четврти месец.
Како што потврдија за Плусинфо извори од МВР, Костадиновски е повреден и веднаш е пренесен во болница.
Од МВР нѐ информираа дека нивните екипи во моментов се на терен, а повеќе информации за овој инцидент ќе добиеме во текот на денот.
Само за потсетување, 26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.
Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.