Пет лица се повредени во Детроит по расправија за паркинг место пред блуз клуб, соопшти полицијата.
Расправијата започнала околу три часот наутро, а ситуацијата ескалирала кога маж извадил пиштол од автомобилот и почнал да пука.
„Тој се врати со пиштол, што го прават повеќето кукавици. Пет лица се повредени поради паркинг место, што е глупаво, изјави помошник началникот на полицијата Чарлс Фицџералд.
Откако испукал седум-осум куршуми, напаѓачот побегнал со автомобил.
Според Фицџералд, во тепачката е повредено само едно лице, пренесува АП.
Повредените се на возраст од 33 до 49 години и нивната состојба е стабилна.