Утрово во центарот на Минхен, во близина на Нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање, при што едно лице било убиено.
„Во областа Каролиненплац, полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, извести полицијата на социјалната мрежа Икс.
Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледа носело оружје. Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени.
Засега нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.
Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.