Годинашниот претставник на Франција на Изборот на песна за Евровизија, песната „Évidemment“ („Очигледно“) на пејачката Ла Зара, веќе ги освојува симпатиите на милиони гледачи во светот и се смета за голем фаворит за победник на годинашниот „Евросонг“.
Евровизиските обожаватели се восхитени од француската песна, а коментарите на социјалните мрежи се, генерално, позитивни. Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.
Ла Зара, чие вистинско име е Фатима Захра Хафди, е 25-годишна канадско-француска пејачк, родена во Монтреал во семејство со мароканско потекло.
Иако самоука за музика, таа бргу почнала да пишува свои композиции, инспирирани од нејзините искуства и длабоки емоции. Нејзините обожаватели истакнуваат дека „нејзиниот специфичен глас ѝ овозможува да ги пренесе своите чувства на публиката преку музика со единствен кредибилитет“.
Ла Зара ја опишува песната „Évidemment“ како „универзална љубовна песна“ и „химна што секој може да ја пее“.
Промотивното видео на Зара веќе има повеќе од 5 милиони прегледи на Јутјуб: