Екипата на Динамо Загреб со голот на Габриел Видовиќ извојува минимална победа над Вараждин со 0-1 во 32. коло на СуперСпорт ХНЛ и така барем привремено го зазеде првото место, додека Риjека е втора со бод и натпревар помалку.
По последниот судиски свиреж, избраниците на тренерот Сергеј Јакировиќ се упатија кон гостинската трибина за да ги поздрават своите навивачи.
Во тој момент на теренот истрча едно момче. Обезбедувањето го сопре и се обиде го изнесе надвор од теренот, што ја налути публиката.
Момчето пружи отпор, а потоа доби помош од Стефан Ристовски.
Поранешниот македонски репрезентативец го оттурна обезбедувањето и го однесе момчето да ја прослави победата на „сините“ со играчите.