Француските медиуми објавија дека еден од најбогатите клубови во светот го загубил трпението со својата суперѕвезда Серхио Рамос.
Како што пишува Le Parisien, Пари Сен Жермен повеќе не може да чека Рамос да се опорави и да заигра најдобро. Причината најмногу е договорот што го врзува Шпанецот со францускиот клуб кој изнесува 17 милиони евра годишно.
За таа сума Рамос оваа сезона одигра само 393 минути за ПСЖ, кој сега сака да се ослободи од него.
Самиот играч сака да остане во главниот град на Франција, а пречка на излезот сега е фактот што Рамос стана играч склон на повреди, па не му е лесно да најде нова дестинација, па дури и да продолжи заем.
Клубот е свесен дека Рамос е еден од најдобрите дефанзивци во светот, но тоа не вреди ништо кога постојано е надвор од терените.