ПСЖ го отпиша Нејмар: Не сака да тренира, со години играше со вишок килограми
Челниците на Пари Сен Жермен му порачале на бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар да не смета на него следната сезона, тврди „Мундо депортиво“.
Шпанскиот весник наведува дека францускиот клуб сака да направи голема реконструкција на тимот за следната сезона.
„Нејмар не сака да тренира. Со години играше со три-четири килограми вишок, но беше најискрен на теренот, бидејќи најмногу трчаше и се нудеше во одбрана“, изјави за шпанските медиуми извор близок до челниците на ПСЖ.
„Ел паис“ потсетува дека Нејмар се договорил со челниците на Пари Сен Жермен да му биде исплатена целата сума доколку договорот биде раскинат пред 2025 година, што е околу 200 милиони евра.
Шпанскиот весник тврди дека оваа сума би можела да го натера Нејмар да ги напушти редовите на францускиот шампион, а оваа „операција“ му била доверена на новиот спортски директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос.
Нејмар (30) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Барселона, а за францускиот клуб одигра 144 натпревари, постигна 100 гола и додаде 60 асистенции.