Францускиот фудбалски шампион Париз СЖ го ангажираше португалскиот играч за врска Витиња (22) со кој потпиша петгодишен договор.
ПСЖ за Витиња му плати околу 40 милиони евра обештетување на неговиот поранешен клуб Порто.
Витиња запиша вкупно 59 настапи и постигна четири гола за првиот тим на Порто.
Ова е прво летно засилување на ПСЖ.