Горан Тојага поднесе оставка од функцијата началник на психијатрија во Лесковац, потврди овој доктор за Нова.рс. Тој се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија негови фотографии на кои позира со оружје за кое сега тврди дека не е реално.
„Ги отстранив сите фотографии од мрежите, тие не се вистински пиштоли. Ова се фотографии од пред неколку години“, изјави Тојага за Нова.рс.
Тој додаде: „Кога Ружиќ поднесе оставка, ја поднесувам и јас“.
Ваквата одлука ја донел по интервенција на министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ.
Да потсетиме, министерката за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката општа болница да преземе итни мерки во врска со фотографиите на социјалните мрежи на лекарот и началникот на Психијатриската служба, на кои тој се појавува со оружје.