Првпат во 70 години Јужна Кореја одговори на провокациите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јужна Кореја испука три балистички проектили во водите на Северна Кореја како одговор на 17 ракети испратени од Пјонјанг утринава од кои една заврши на 60-тина километри внатре во нејзините води. Ова е првпат во последните 70 години Јужна Кореја да одговори со свои проектили.

„Ракетите биле истрелани во водите „блиску до северната гранична линија на оддалеченост што одговара на онаа која севернокорејскиот проектил ја погоди“, се вели во соопштението на војската на Јужна Кореја.

Сеул „остро ќе одговори на секоја провокација“, се додава во соопштението.

Претходно, претседателот на Јужна Кореја, Џун Сук Јеол го осуди „територијалниот напад“ кој ја преминал границата во водата.

САД и Јужна Кореја во текот на вчерашниот ден изведоа поголема воена вежба со над 200 авиони близу териториите на Северна Кореја што ги предизвика властите во Пјонгјанг.

Share This Article