More

    Првпат по толку години, хитот на Мараја Кери повеќе не е на врвот на најслушаните божиќни песни

    spot_img

    Првпат по толку години, хитот на Мараја Кери повеќе не е на врвот на најслушаните божиќни песни.

    Речиси секоја година во текот на божиќните празници најслушана песна е „All I Want For Christmas Is You“ во изведба на Мараја Кери.

    Сепак, оваа недела на табелата Билборд Хот 100 првото место го зазеде песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“, испеана од Бренда Ли.

    Пејачката Бренда ја снимила песната кога имала само 13 години. Песната стана апсолутен хит, а воедно и најстара што се нашла на врвот на листата.

    Иако песната на Мараја Кери беше стара 25 години кога првпат беше на врвот на топ листите, Бренда сега стана најстарата изведувачка што некогаш била на врвот на топ-листата Билборд Хот 100.

    – Среќна сум за сите што работеа толку напорно за да се случи ова – изјави пејачката за „Билборд“.

    Наводно песната станала омилена по филмот „Сам дома“, а вели дека е многу среќна бидејќи напорната работа на песната конечно се исплатела.

    – Навистина стана магично – заклучила таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img