More

    Првомајски протест на ССМ – Без работници не можеме, без газди, лихвари и без банки можеме!

    spot_img

    „Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките на денешниот првомајски протест што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

    Протестот почна пред зградата на ССМ, ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата каде се очекува да бидат упатени барањата на работниците.

    На протестот се присутни членови на ССМ од повеќе градови – Куманово, Неготино, Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Велес,…, а предводник е претседателот на Сојузот, Дарко Димовски.

    „Додека ти се подготвуваш за пикник, колегите одат да се борат за твоите права“ беше слоганот под кој се мобилизираше членството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денешниот првомајски протест.

    ССМ со протестот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img