Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, изминатиов период се најде во центарот на вниманието откако имаше операција на абдомен и се повлече од јавноста. Постојано се шират теории на заговор, а со монтираната фотографија за Денот на мајката, таа само ги разгори сомнежите на јавноста за нејзината здравствена состојба.
Меѓута, извор за „Сандеј тајмс“ вели дека Кејт наскоро може да се огласи во однос на шпекулациите. Се очекува таа да се врати на службените обврски дури по Велигден.
Палатата Кенсингтон даде малку информации за здравјето на Кејт, наведувајќи дека нејзините „лични медицински информации остануваат приватни“.
Изворот тврди дека наскоро таа и Вилијам ќе откријат повеќе за неодамнешните случувања во британското семејство, но под нејзини услови.
„Сандеј тајмс“ пишува дека принцезата ќе се појави во јавноста по 17 април, кога завршува училишниот распуст на нејзините деца. Па, кога целосно ќе закрепне и ќе се врати на кралските обврски, тогаш би можела да зборува за своето здравје.
– Таа ќе сака да биде појасна и поотворена, но тоа ќе го направи кога ќе се почувствува подготвена. Тоа ќе биде нејзина одлука. Нема да избрзува – изјавил изворот за британскиот медиум.