More

    Прво оклопно возило „Made in Albania“

    spot_img

    Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.

    На престижниот саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, Албанија прв пат е претставена со 100% албанска компанија. Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши истакна дека тоа е многу важен момент за земјата.

    „На саемот EUROSATORY во Париз, беше претставен првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“ – напиша Пелеши во објавата на Фејсбук.

    Албанскиот министер додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија“.

    Прототипот на „Шота“ е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведен е во компанијата „Тимак“. Сопственичката на компанијата, Арјета Пуца, претходно рече дека возилото било произведено за околу 3 месеци.

    Оваа компанија, во која 75% од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img