More

    Прво го измами Марлон Брандо, а потоа и целиот свет

    spot_img

    Сачин Литлфедер, активистката која го привлече вниманието на јавноста откако го одби Оскарот за најдобар актер во име на Марлон Брандо во 1973 година, наводно го лажирала своето индијанско наследство. Оваа информација ја откриле нејзините сестри, откако Сачин починала.

    Имено, на инцидентот од споменатата година, Брандо освои Оскар за најдобар актер за улогата во култниот филм „Кум“. Бидејќи тој не присуствуваше на церемонијата, во знак на протест, во негово име се појави актерката Литлфедер.

    Таа во име на Брандо одби да ја прими наградата, држејќи говор во кој објасни дека одбивањето на наградата од страна на актерот се должи на „односот кон американските Индијанци од страна на филмската индустрија“.

    Круз и Орланди, исто така, ги негираа тврдењата на Сачин за сиромашното детство и злоупотреба од страна на родителите.

    – Мојот дедо Џорџ беше алкохоличар. Татко ми никогаш не пиеше и не пушеше. Сачин исто така зборуваше дека тој бил ментално болен. Тоа не е точно. Најдобар начин на кој можам да ја опишам состојбата на сестра ми е тоа што таа создаде фантазија. Таа живееше во фантазија и умре во неа“, објаснила Орланди, а потоа додаде:

    „Сачин не се сакаше себеси. Не ѝ се допаѓаше да биде Мексиканка. Така што, таа претпочиташе да се преправа дека е некоја друга“, рекла Орланди.

    Инаку, во интервју за „Гардијан“ во 2021 година, Сачин зборувала за нејзиното тешко детство и како е да се биде ќерка на татко Апачи и мајка белец, кои и двајцата биле ментално болни и не можеле да ја одгледуваат. Таа истакнала дека нејзините родители ја однеле кај баба ѝ и дедо ѝ кога имала три години, а како мало девојче го удирала татка си со метла за да го спречи да ја тепа нејзината мајка.

    „Мислам дека тогаш станав активистка“, рекла Сачин.

    Литлфедер почина по долга битка со тешка болест, набргу откако Академијата за филмски уметности и науки издаде официјално извинување за начинот на кој таа била третирана на церемонијата во 1973 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img