Првите случаи на корона на СП за ракометари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
IHF Handball World Championship - Main Round - Iran v Slovenia - Tauron Arena, Krakow, Poland - January 18, 2023 Slovenia's Stefan Zabic in action with Iran's Mojtaba Heidarpour and Reza Yadegaridehkordi REUTERS/Tomasz Markowski

Пред почетокот на второто коло на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, сите учесници мораа да бидат тестирани поради важечкиот исклучително строг протокол за ковид.

ИХФ соопшти дека двајца играчи се заразени со корона и се испратени во изолација. Овие двајца се единствените позитивни од 1086 тестирани лица. ИХФ не ги објави нивните имиња, но се работи за еден Белгиец и еден Египќанец.

„Тешко е да се избегне инфекција. Во хотелот луѓето се движат без маски, играчите ги донесоа своите семејства. Може да бидат погодени сите репрезентации“, изјави белгискиот селектор Сила.

Во вторникот тоа беше втор од вкупно три тестови што мора да ги направат сите репрезентации на Мундијалот. Играчите беа тестирани пред турнирот и повторно ќе бидат тестирани по второто коло. Ако играчот е позитивен, тој мора да биде изолиран пет дена. Изолацијата се ослободува по петтиот ден со негативен тест.

Share This Article