Кинескиот стартап „Deep Blue Aerospace“ објави дека денеска започнува со продажба на билети за летови со ракета во вселената во 2027 година.
Заинтересираните за туристички лет во вселената ќе мора да издвојат 1,5 милиони јуани или околу 195.400 евра за тоа искуство.
Првите два билета се пуштени денеска во 12 часот, а од компанијата ветуваат повеќе ќе има следниот месец.
Станува збор за суборбитален лет, што значи дека ракетата ќе влезе во вселената, но не и во орбитата на Земјата.
За туристички вселенски летови се заинтересирани и други кинески компании, како што е „CAS Space“, кој сака да организира комерцијални вселенски летови до 2028 година.
Компанијата за вселенски туристички летови „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон во 2021 година продаваше билети за летови во вселената по цена од 450.000 долари по седиште. Бренсон тогаш полета до работ на вселената со голем авион „Virgin Galactica SpaceShip Two“ со вселенскиот ракетен авион „VSS Unity“.
На одредена надморска височина од 15 километри, бродот се оддели од својот носечки авион и започна со суперсонично искачување сѐ до 80 километри во височина, што е висина којашто САД ја определија како граница на вселената.
Патниците тогаш можеа да ги одврзат појасите и да доживеат неколку минути бестежинска состојба и да се восхитуваат на заобленоста на Земјата гледајќи ја низ 12 прозорци од кабината.
VSS Unity потоа слета на пистата во базата Спејспорт Америка во американската сојузна држава Ново Мексико.