Министерот за внатрешни работи Панче Точковски оди во изолација откако добил позитивен резултат на ковид-19.– Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за ковид-19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, сѐ до исчезнување на симптомите – вели Тошковски.