Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во средата се сретна со грчкиот премиер, а главна тема на разговор беа судирите меѓу хрватските и грчките навивачи во Атина, во кои загина навивач на АЕК.
Навивачот на АЕК во Атина, Михалис Кацурис, беше убиен минатата недела во страшни судири меѓу грчките и хрватските навивачи во пресрет на натпреварот меѓу АЕК и Динамо во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Повеќе од 100 лица, главно хрватски државјани, беа приведени под обвинение за убиство и членство во криминална група.
Чеферин е згрозен од случувањата во Грција.
„Беше тешко да се дојде овде денес. Сите сме тажни и лути поради овие страшни работи што се случија, поради бесмисленото насилство затоа што некои го користат фудбалот за насилство. Каков човек напаѓа друг поради дрес?“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, пишува Newsit.
„Тие се ракот на фудбалот, тие не се навивачи. Не ги нарекувајте навивачи! За жал, не можев да бидам пољубезен. Се согласуваме дека дојдовме до точка кога ова мора да престане. Доста е“, додаде тој.