More

    Првични резултати од денешните избори во Црна Гора

    spot_img

    Првичните реаултати од првиот круг од претседателските избори во Црна Гора покажуваат дека Мило Ѓукановиќ е во водство пред Андрија Мандиќ и најверојатно тие двајца кандидати ќе ги одмерат силите во вториот круг. Сепак, неизвесно е дали во вториот круг може да влезе кандидатотот Јаков Милатовиќ, заменик-претседателот на Европското движење, наместо Мандиќ, зашто разликата во нивните гласови е релативно мала. Тоа ќе се знае кога Државната изборна комисија ќе ги преброи и официјално ќе ги соопшти сите резултати.

    Избирачките места беа затворени во 20 часот. Излезноста на гласачите се проценува на 53,6 проценти. Право на глас во Црна Гора имаат нешто повеќе од 534.000 избирачи. Според 33,5 отсто обработени гласови, Ѓукановиќ освоил 36,2 отсто од гласовите, Јаков Милатовиќ 23,9, а Андрија Мандиќ 23,4 отсто.

    Претседателот на Државната изборна комисија рече дека не се пријавени нерегуларности за време на гласањето на изборите, кои аналитичарите ги оценија како најнеизвесни досега.

    Според црногорското изборно законодавство, за да биде избран  некој од кандидатите во првиот круг треба да освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, во случајов на 2 април. Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

    Претседателот на државата се избира со мандат од пет години.

    Дел од светските медиуми излегоа со анализи за Црна Гора по изборите. Асошиејтед прес пишува дека е неизвесно дали оваа мала земја-членка на НАТО ќе го деблокира патот кон ЕУ или ќе ги подобрува релациите со Србија и со Русија.

    Актуелниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ ги прикажа претседателските избори како избор помеѓу независна Црна Гора, предводена од него, или земја контролирана од Белград и Москва.

    Неговиот главен политички опонент Андрија Мандиќ од партијата Народен фронт, кој беше обвинет дека е дел од обидот за државен удар организиран од Русија во 2016 година, се обиде за време на кампањата да се претстави како личност која помирува, велејќи дека негова главна цел како претседател ќе биде да го премости црногорскиот јаз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img